петок, 18 октомври 2024

Се чисти во сите скопски општини, велат од Комунална хигиена

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини. Континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди, Благоја Паровиќ и Методија Митевски во општината Чаир, како и на улицата Прашка во општината Карпош.
к

Воедно, беа спроведени активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со коишто беа опфатени и централното градско подрачје, кејот 13 Ноември и Старата скопска чаршија“, се вели во соопштението од претпријатието.

ч

Викендов Скопје беше затрупано со ѓубре поради протестот организиран од трета смена на претпријатието, откако директорката Косана Мазнева Николиќ презеде остри мерки против дел од нив сметајќи ги за „мафија“ и неработници кои не ни доаѓаат на работните места или живеат во странство, а примаат плата.

Според информациите од вработените, 27 работници добија отказ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ