среда, 16 октомври 2024
Основно јавно обвинителство Скопје

Се бара притвор за осомничените за пукањето во Чаир, им се заканува затвор до три години

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик, кој вели дека тој што учествува во тепачка во која некој е лишен од живот или на друг му е нанесена тешка телесна повреда, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

„За уште едно лице, четврт учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ