Англија стави крај на потрагата на наследник на Герет Саутгејт, денеска пристигна официјална потврда за новиот селектор, доверба му е укажана на Томас Тухел.
Изборот бил направен уште минатата недела, стратегот ставил потпис на договорот на 8. октомври а соработката ќе започне на стартот од 2025 и ќе трае 18 месеци.
„Горд сум што ми се укажа прилика да ја предводам репрезентацијата на Англија. Огромна привилегија е да се биде предводник на овој национален тим, и прилично сум возбуден од шансата да работам со оваа талентирана група на играчи“ – вели Томас Тухел.
„Зедно со Ентони Бери (неговиот помошник) ќе сториме се што можеме за да донесеме успех и да ги направиме навивачите горди. Сакам да и се заблагодарам на ФА, особено на Марк и Џон, за довербата што ми ја укажаа“.
Томас Тухел сега ќе биде само третиот странец кој седнал на кормилото на „трите лава“ по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело.