Опозициските партии во Унгарија соопштија дека Новак, блиска соработничка на премиерот Виктор Орбан, повеќе не е подобна да биде претседателка бидејќи минатата година помилувала осуденик – поранешен заменик директор на државен детски дом.
Тој во 2018 бил осуден на повеќе од три години затвор бидејќи помагал да се прикрие дека директорот на таа установа од 2004 до 2016 година сексуално злоставувал барем десетина деца за што подоцна бил осуден на осум години затвор.
Новак, која го помилувала, како и уште неколку десетици други по повод посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, демантираше дека постапила непрописно.
Нејзиниот кабинет не одговорил на барањето на Асошиејтед прес за коментар.
Најголемата опозициска партија во Унгарија, Демократската коалиција, почна во парламентот етичка постапка против претседателката.
Протест против Новак е закажан за петок пред Претседателската палата во Будимпешта.
Критикувана е и поранешната министерка за правосудство Јудит Варга бидејќи дала согласност за помилувањето. Се очекува Варга да ја предводи листата на кандидати на владејачката унгарска партија Фидес на јунските избори за пратеници во Европскиот парламент.