„Ја поедноставивме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и најважно, земјоделците ги препознаа придобивките. Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и нови неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.
60% повеќе пари за македонското земјоделство и стопанство.
Ова е пример како вистинските политики, поддржани од ЕУ даваат конкретни резултати.
Сакам да апелирам до сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени, производители на храна да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата.
Јавниот повик за оваа програма е продолжен до крајот на месецот и сите заинтересирани треба што поскоро да ја искористат оваа можност. Да го модернизираат своето производство, да создаваат конкурентни финални производи и да придонесат во развојот на економијата.
Изминатите години СДСМ овозможи услови за модернизација на земјоделското производство.
Со членство во Европската Унија, на македонските земјоделци и стопанственици ќе им обезбедиме пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ која е дури 11 пати поголема“, изјави Ристова.