сабота, 19 октомври 2024

СДСМ: Мицкоски брани криминал и сака да биде и судија и обвинител, тоа нема да се случи

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски брани криминал и сака да биде судија и обвинител, тоа нема да се случи. Случајот Феникс го потврди криминалот на ДПМНЕ, но го покажа и вистинското лице на Мицкоски кој го брани криминалот во Скопје 2014. Нема промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од времето на Никола Груевски. Мицкоски сака да биде судија и обвинител, тој да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не треба за сторен криминал. Исто како Груевски. Тоа од една страна е рушење на правниот поредок на земјата а од друга страна желба за ставање над Законот и Уставот. Ниту е Мицкоски над законот ниту над Уставот и желбата на Мицкоски нема да се исполни. Сите што се огрешиле ќе сносат одговорност преку соодветна законска постапка и пред надлежни судски институции“, велат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ