Кузеска праша како дошло до „скандалозните услови“, само еден отсто од профитот да биде за државата, да има поскап паркинг за пациентите од 50 денари и со „сомнителни рокови од 20 години“.
Дали зад овие услови се кријат бизнис интереси на власта или некој земал големи провизии? Додека Таравари и Мицкоски се обидуваат да се извадат фактите говорат јасно, некој првично прифатил државата да се откаже од 99 отсто од профитот, оставајќи го профитот на фирмата! Некој прифатил и цената на паркингот за пациентите да биде покачена на 50 денари, што Таравари и јавно го соопшти! Како и фактот да биде отстапен на 20 години користење, со што владата ја врзува државата во долгогодишна штетна зделка! Зошто ниту една македонска компанија или јавно претпријатие не добила можност да конкурира за овој профитабилен бизнис?
Дали договорот е однапред наместен за фирмата „Ѓока“ може да се открие само со објавување на договорот кој сега велат дека немало да го потпишуваат? Фирма била под истрага во Албанија откако добила пари за изградба на патот, но патот не бил целосно завршен а има и информации дека им се урнале два тунели. Сетоа ова ги подргрева сомнежите дека може да станува збор за класична корупција со високи провизии“, рече Кузеска.
Поради ова СДСМ бара Владата итно да го објави Договорот со Ѓока констракшн, а Антикорупциската комисија и сите надлежни институции веднаш да отворат постапка за расчистување на случајот.
„Граѓаните имаат право да знаат дали тендерот бил наместен за однапред договорена фирма! Оваа власт на ДПМНЕ и Вреди мисли дека може да продава државни ресурси на штета на граѓаните, но СДСМ тоа нема да го дозволи! СДСМ е тука да ја заштити државата и народот!“, рече Кузеска.