На состанокот во саудискиот град Даран тие разговараа за „полуфиналната верзија на нацртот на стратешките договори меѓу двете земји“, кои се во фаза на финализирање, пренесува Ројтерс.
Де факто саудискиот лидер и главниот помошник на претседателот Џо Бајден за безбедност, исто така, разговарале за потребата да се најде „кредибилен патоказ за постигнување решение со две држави“ за Израел и Палестинците, за начините да се стави крај на војната во Газа и за олеснување на испораката на хуманитарна помош, се вели во соопштението.
Администрацијата на Бајден и Саудиска Арабија се обидуваат да го финализираат договорот за американските безбедносни гаранции и цивилната нуклеарна помош, додека израелско-саудискиот договор за нормализација, замислен како дел од блискоисточниот „голем договор“, останува недостижен.
Белата куќа во петокот соопшти дека Саливан ќе ги посети Саудиска Арабија и Израел за да разговара за билатерални и регионални прашања, вклучително и за Газа и напорите за постигнување траен мир и безбедност во регионот.