Откако се скара со Тен Хаг, Санчо беше префрлен во вториот тим и не му беше дозволено да го користи тренинг центарот кој е наменет за првата екипа.
Потоа му забранија да руча заедно со најдобрите фудбалери од Манчестер јунајтед, а последно е дека го отстраниле и од Ватсап групата.
Санчо нема намера да му се извини на Тен Хаг и најверојатно ќе си замине од Манчестер јунајтед уште во јануари.
Пресврт во неговата ситуација може да се случи само доколку Тен Хаг добие отказ.