петок, 21 февруари 2025

Само 500 грама стара кора од мандарина околу 10 илјади долари

Релативно непознати надвор од Кина, сувите кори од мандарина се ценети со векови поради нивните медицински придобивки. Синхуи е само просечно поспано соседство во град од „трет степен“ во Кина, каде секоја година во есенските и зимските месеци се сушат корите од мандарина или ченпи. За жителите, тоа е мирис на злато, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Всушност, зборот мандарина на кантонски, локалниот дијалект, се изговара исто како и зборот за злато – „гам“. И исто како и благородниот метал, некои од овие кори можат да вредат огромна сума пари.

Синхуи се наоѓа на источната страна на Џиангман, град во јужната провинција Гуангдонг. Редици дрвја, фабрики и фарми се наредени покрај новите автопати. Погоре се издигнува повремено светкавиот стаклен облакодер, симбол на економскиот подем на областа.

Мандарини можат да се одгледуваат и во други региони, само оние собрани во Синхуи – или поточно само нивните кори – се вреднуваат како злато.

Здравствените придобивки од старата кора од мандарина, кинеско лековито растение, се документирани уште од времето на династијата Јужен Сонг, пишува Си-ен-ен.

„Составот на водата и почвата го прават идеално место за одгледување мандарини. Затоа, се верува дека корите од ова место се побогати и полни со повеќе микрхранливи материи од другите“, вели готвачот Ли Чи Ваи од ресторанот „Легаси хаус“ во Хонг Конг.

Се вели дека ченпите се користеле во јадењата што им се служеле на императорите и императорките кои живееле во Забранетиот град во Пекинг. Денес, оваа состојка најмногу се наоѓа во традиционалните медицински рецепти и секојдневното готвење, особено во јужна Кина.

Во традиционалната кинеска медицина, генерално се верува дека ја зајакнува слезината, помага во варењето и го подобрува респираторниот систем, додека современите истражувања покажуваат дека во овие кори има антиоксиданти и флавоноиди (антиканцерогена компонента), како и потенцијал за стабилизирање на крвниот притисок и спречување на дебелина. И како убаво вино, колку се постари, толку стануваат поскапоцени.

Во последните две децении, според Си-ен-ен, индустријата со ченпи процвета, во 2023 година, килограм сушена кора од мандарина, произведена во 1968 година, беше продаден на аукција во Хонг Конг за 9.646 долари, во истата година Синхуи стана првата и единствена област во Џиангмен со заработка од 100 милијарди јуани или 13,8 милијарди долари, што претставува околу една четвртина од БДП на градот.

Индустријата со ченпи минатата година беше проценета на 23 милијарди јени или 3,2 милијарди американски долари. Во моментов, 500 грама кора од мандарина стара 50 години чини околу 9.650 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ