Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови, скопјани и нивните гости ќе можат да дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, создавајќи совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.
Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Овој мајстор на слаткарството, кој своето знаење го стекнал во најпрестижните европски училишта и освојувал светски награди, ќе сподели дел од своите слаткарски тајни со присутните.
Во сабота (15 февруари) од 12 до 14 часот ќе се одржи слаткарска работилница со Петко Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови. Во недела (16 февруари) пак, од 12 часот, посетителите ќе бидат сведоци на чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго 2 метри и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.
Овој настан е одлична можност за сите љубители на виното и чоколадото да уживаат во врвни дегустации, ексклузивни работилници и квалитетен шопинг во празнична атмосфера. Дајмонд мол ги кани сите граѓани да бидат дел од ова уникатно искуство и да го прослават празникот на љубовта и виното на највкусниот можен начин.
Комерцијален текст