Друга точка на дневниот ред на состанокот на министрите за финансии на Г7, кој ќе се одржи на 24 и 25 мај во италијанскиот град Стреса, ќе биде како да се искористи замрзнатиот имот запленет на Русија по почетокот на конфликтот во Украина, кажа Џирогети.
„Американскиот предлог средствата да се користат за директно финансирање на Украина во војната би имал сериозни правни импликации кои допрва треба да се разјаснат“, кажа италијанскиот министер.
„Во Стреса ќе ја разгледуваме фрагментацијата на глобалната трговија со најновите потези на американската влада која ги покажа своите карти со многу тешките намери кој Кина. Светот каков што го познаваме се ближи кон крајот“, кажа Џирогети, додавајќи дека „во тек е трговска војна која ги одразува геополитичките тензии“ и дека Европа допрва треба да ја одреди својата улога во сценариото кое се развива.
Американскиот претседател Џо Бајден денес претстави силно зголемување на царините на низа кинески производи, вклучувајќи ги електричните возила, батериите за електрични возила, чиповите за компјутери и медицинските производи, во изборната година со цел да ги придобие гласачите кои дадоа лоши оценки на неговите економски мерки.