сабота, 19 октомври 2024

САД и ЕУ ѝ се закануваат на Приштина: Попуштете им на Србите или ќе има последици

Објавено на

часот

Сподели

Насилствата избувнаа откако косовските власти во општинските згради насилно инсталираа етнички албански градоначалници, со помош на полициски специјалци. Градоначалниците Албанци се избрани со излезност од само 3,5 отсто откако мнозинските Срби во тој регион ги бојкотираа локалните избори.

Американскиот претставник за Западниот Балкан Габриел Ескобар кажа дека Косово мора да им даде поголема автономија на општините со мнозинско српско население ако сака да се приближи до членство во ЕУ и НАТО.

„Преземените или непреземените акции би можеле да имаат некои последици кои ќе влијаат на дел од односите меѓу Косово и САД, не сакам да навлегувам во тоа“, кажа Ескобар во вторникот пред да замине за Белград. Тој и претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак не објаснија детално со какви последици може да се соочи владата на Аљбин Курти ако не се сложи со нивните барања.

Висок функционер на Косово кажа за Ројтерс дека западните земји, кои ја поддржуваат еднострано прогласената независност на Приштина, го предупредија Курти дека Косово би можело да се соочи со повеќекратни казнени мерки.

Минатата недела Вашингтон го откажа учеството на Косово во воени вежби предводени од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ