понеделник, 21 октомври 2024

САД и Британија почнаа нови напади на Хутите

Соединетите Американски Држави и Велика Британија почнаа нови заеднички воздушни напади на цели во Јемен, соопштија двајца американски функционери за Си-би-ес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во нападите се вклучени американски борбени авиони од носачот УСС Ајзенхауер, соопштиле функционерите.

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак разговарале претходно во понеделникот.

Претходно Вашингтон и Лондон кажаа дека не бараат конфликт со Хутите, туку се обидуваат да го заштитат меѓународниот трговски коридор низ Црвено Море.

Хутите, кои ги поддржува Иран, гаѓаа бродови за кои тврдат дека се поврзани со Израел, а патуваат низ Црвено Море.

Во официјалниот транскрипт на нивниот телефонски разговор, Белата куќа соопшти дека Бајден и Сунак „разговарале за тековните напади на Хутите на трговски и поморски пловила кои минуваат низ Црвено Море“.

Тие ја повториле „својата посветеност на слободата на пловењето, меѓународната трговија и одбраната на поморците од незаконски и неоправдани напади“, соопшти Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ