Наредбата е да запрат сите исплати во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој на 90 дена ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет
Упатството во петокот го објави државниот секретар Марк Рубио, а веќе се информирани сите дипломатски и конзуларни претставништва. Исклучок се прави само за Израел и Египет.
Политико објави дека на 90 дена се стопираат сите паузира грантови за странска помош. Сега се чека и разврската на најавите на Трамп за „трговската војна“ со ЕУ.
Генерално, помошта на САД во Македонија се менаџираше преку проекти на амбасадата и преку агенцијата УСАИД, а беше фокусирана на владеење на правото, на сајбер безбедноста, на животната средина, на развој на демократијата, подобрување на конкурентноста, на борба против корупцијата и за поголемо граѓанско учество.
САД досега дадоа речиси половина милијарда долари помош за реформите во македонското правосудство, даваа помош и за пандемијата (околу милион и пол долари), за медиуми, за бројни невладини организациии… Од 1993 година бројката на таа помош од САД за Македонија е речиси една милијарда долари, надвор од воената.