сабота, 19 октомври 2024

САД би можеле да ги замрзнат сметките на Трамп за предизборната кампања

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот и поранешен функционер на ФБИ го донел тој заклучок врз основа на испрашувањата на лица поврзани со Трамп од страна на американскиот државен обвинител Џек Смит.

Се наведува дека специјалниот советник разговарал со поранешен комесар на њујоршката полиција кој е поврзан со поранешниот адвокат и некогашен градоначалник Руди Џулијани.

Прашањата на специјалниот советник се однесувале на собирањето средства за кампањата на Трамп „Да ја спасиме Америка“, почната по претседателските избори во 2020 година, а обвинителството проучува „како собраните средства се потрошени и дали се собирани под лажен изговор“.

Вајсман во интервју со Ем-ес-ен-би-си кажа дека, ако собирањето средства стане дел од федералната истрага за Трамп, собраниот капитал би можел да биде замрзнат во преткривичната постапка.

„Ова потенцијално би можело да претставува проблем за поранешниот претседател бидејќи десетиците милиони долари собрани за кампањата „Да ја спасиме Америка“ наводно се потрошени оваа година на правни трошоци за Трамп и лица поврзани со него“, се наведува.

Вајсман напоменува дека потенцијална истрага за финансирањето на кампањата не значи поднесување нови обвиненија против самиот Трамп – случајот би можел да биде поднесен против директните актери задолжени за собирање средства во кампањата. На сличен начин претходно се поднесени обвиненија против советникот на Трамп Стив Бенон во случајот на финансирањето на ѕидот на јужната граница на САД со Мексико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ