среда, 30 октомври 2024

Сѐ додека полицајците приправници не се вработат, кризната состојба во затворот Идризово ќе трае, вели директорот Јовановски

Кризната состојба во затворот Идризово ќе трае сѐ додека трае приправничкиот стаж на големиот број на затворски полицајци кои немаат добиено решение за редовно вработување, изјави денеска директорот на затворот, Зоран Јовановски.

Објавено на

часот

Сподели

Кризната состојба беше прогласена во јуни минатата година за да се зајкане обезбедувањето што произлезе од недоволниот кадар во затворот.

Во моментов се чека на согласност од Министерството за финансии за вработување на нови припадници на затворската полиција, а во меѓувреме затворот Идризово го обезбедуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Армијата (АРМ).

Во врска со моменталните услови во затворот, пред денешниот настан „Борба против тортура и нехуман третман“ Јовановски информираше дека се прави реконструкција, меѓутоа сѐ уште има пренатрупаност.

„Се прави реконструкција, односно санирање на некои оштетувања во полуотвореното и отвореното оделение, а во затвореното се објектите што се наследени и таму се подобруваат условите за сместување во однос на капацитетите, меѓутоа сѐ уште имаме пренатрупаност“, информираше Јовановски.

Тој дополни дека, со цел да се избегнат инциденти управата на затворот перманентно презема акции на претреси и одзема недозволени предмети, како што се ножеви, штрафцигери, клешти и слично. Јовановски информираше дека затворот побарал и повеќе скенери.

„Ние како Управа имаме побарано да се зголеми бројот на скенери и до ден денес од релевантните институции кои треба да ги набават тие скенери сѐ уште немаме никаков одговор“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ