Министерството за надворешни работи на Русија претходно денес ја обвини Украина дека го соборила авионот кој се урна во руската област Белгород, нарекувајќи го тоа „варварски чин“, пренесе државната новинска агенција ТАСС.
Гувернерот на руската област Белгород каде што се урна авионот кажа дека сите луѓе кои биле во авионот загинале.
Претседателот на руската Дума, долниот дом на рускиот парламент, го обвини Киев дека е одговорен за соборувањето на авионот кој превезувал 65 украински воени заробеници.
„Тие ги убија сопствените војници кои ги чекаа нивните мајки, нивните деца“, кажа Вјачеслав Володин во парламентот.
„Тие со американски и германски ракети ги урнаа и нашите пилоти кои вршеа хуманитарна мисија“, додаде Володин.
❗️BREAKING || DUMA SPEAKER VOLODIN:
"Western parliaments must see who they fund.
Ukraine shots down the plane on a humanitarian mission carrying its own soldiers.
Their mothers, wives, children were waiting for their return back home.
Our Russian pilots were killed defenseless." https://t.co/gSZi2AJ670 pic.twitter.com/QifwItR9hM— Bloomberg Whistleblower (@bloombergblower) January 24, 2024
Рускиот воен транспортен авион Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шест члена на екипажот и тројца придружници, се урна денес во областа Белгород на границата со Украина, соопшти министерството за одбрана во Москва.
На местото на несреќата е испратена специјална воена комисија.
Wreckage of the Russian Il-76 in the Belgorod region. The plane was shot down by the Ukrainian air defence system. Reportedly it carried Ukrainian POWs (January 24, 2024) #Ukraine #Ukrainewar #UkraineRussiaWar #StandWithUkraine #Russia #WWIII #Belgorod #Il76 pic.twitter.com/Xsg67UH3ew
— Chronology (@Chronology22) January 24, 2024
Руската новинска агенција РИА Новости пренесе, повикувајќи се на министерството, дека воените заробеници биле превезувани до пограничната област за размена на заробеници.
Уште еден пратеник, претседателот на одборот за одбрана во Думата, исто така ја обвини Украина.
„Украинските лидери беа целосно запознаени со претстојната размена (на заробеници) и беа информирани за начинот на кој заробениците ќе бидат предадени“, кажа Андреј Картаполов.
Тој кажа дека авионот Ил-76 бил соборен со три ракети од ракетен систем земја-воздух „патриот“ или ИРИС-Т, произведен во Германија и дека експертите ќе ги утврдат деталите.
Според извештаите на повеќе руски медиуми, авионот се урнал кај селото Јаблоново, на 45 километри од руската граница со Украина.