петок, 18 октомври 2024

Руските медиуми објавија наводни фотографии од камп на Вагнер групата во Белорусија (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Сирена пишува дека кампови се градат во округот Асиповичи, во центрачниот дел на Белорусија и на југозападот на Михољовската област.

Објавените фотографии наводно ги снимил локален жител. На нив се гледаат шатори со дрвени кревети и подови.

вагнер

Белоруската група за следење на воените активности Белоруски хајун објави дека има околу 298 шатори на сателитските снимки од кампот и дека секој шатор може да прими до 30 луѓе.

вагнер

„Имајќи предвид дека некои од шаторите имаат комунални намени, можеме да кажеме дека кампот може да прими околу 8.000 луѓе“, пишува Белоруски хајун.

вагнер

Во вторникот белорускиот претседател Александар Лукашенко кажа дека Белорусија не гради кампови за Вагнер, но дека ќе помогне со сместувањето ако биде потребно.

„Не градиме никакви кампови. Но ако сакаат, ќе ги сместиме. Ставајте шатори ако сакате. Но засега се во Луганск во своите кампови. Им понудивме еден од напуштените кампови. Добредојдени се, има ограда, сè е на место. Ставете шатори. Ќе им помогнеме колку што може додека не одлучат на што ќе се посветат“, кажа Лукашенко.

вагнер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ