среда, 12 февруари 2025

Руски воен авион навлегол во полскиот воздушен простор

Полските власти известија дека руски воен авион, кој во вторникот полетал од Калининградската област, накратко го нарушил полскиот воздушен простор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На 11 февруари 2025 во источниот дел на Гдањскиот залив дојде до нарушување на воздушниот простор над територијалните води на Република Полска со упад на авион Су-24МР на оружените сили на Руската Федерација. Леталото, која полета од областа Курловјец, влезе во полскиот воздушен простор до максимална длабочина од 6,5 километри и таму се задржа една минута и 12 секунди“, соопштија полските власти.

Радарските системи на полските оружени сили го следеле летот на рускиот авион додека дежурните служби за надзор на воздушниот простор биле во контакт со руската страна. Руските власти го потврдија нарушувањето на полскиот воздушен простор наведувајќи дека инцидентот се случил поради дефект на навигацискиот систем на авионот сухој Су-24МР.

„Екипажите на полските системи за противвоздушна одбрана спроведуваат 24-часовен надзор на воздушниот простор и секогаш се спремни да ја гарантираат неговата сигурност“, соопштија полските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ