Морозов првпат бил избран во рускиот парламент во 1993 година и е член на доминантната партија Единствена Русија. Тој рече дека снабдувањето на Украина со западно оружје претставува директна закана за Русија и дека може да бара од Москва да ги преиспита своите воени цели.
„Знаете, можеби тоа е фантастичен заговор што го подготвувам… дека во блиска иднина, во некоја фаза, министер за војна на некоја земја на НАТО ќе оди со воз во Киев за да разговара со Зеленски. Но, тој нема да стигне таму. И ќе се разбуди некаде во Москва“, рече Морозов на државната телевизија Росија-1 доцна во понеделникот.
„Мислите да го киднапираме?“, праша телевизиската водителка на програмата 60 минути Олга Скабеева.
„Да. И тогаш ќе видиме кој каква наредба дал, кој за што точно е одговорен. Не е слика од бајка… Сега има нови правила во светот. Нека размислат малку сите тие воени министри што се собираат во Киев за тоа како би било да се разбудат во Москва“, рече тој.
What sort of things do you daydream about? Russian State Duma deputy Oleg Morozov fantasizes about kidnapping foreign government officials when they’re heading to Kyiv to meet up with Volodymyr Zelensky. Morozov thinks it’s not far-fetched and might start happening very soon. pic.twitter.com/pU1wOi7unm
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 31, 2022
Ниту Морозов ниту Скабеева не биле достапни за коментар.