среда, 23 октомври 2024

Руски медиуми: За девет месеци рекорден број Руси се откажале од руското државјанство

За девет месеци од 2023 година, 4.400 лица се откажале од руското државјанство, изјави директорот на Конзуларното одделение на Министерството за надворешни работи, Алексеј Климов.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Риа Новости, тој рече дека тоа е повеќе отколку во целата 2022 година, кога 4.3 илјади лица ги одбиле своите руски пасоши. Во годината на инвазијата на Украина, бројот на луѓе кои сакаат да се откажат од руското државјанство стана рекорд за три години. Во 2020 година имало 3.8 илјади такви лица, во 2021 година  биле четири илјади, објави Москва тајмс.

Од почетокот на војната, вкупниот број на оние кои одбиле државјанство изнесува 8.7 илјади лица. Меѓу нив има шест милијардери: Игор Макаров, Тимур Турлов, Јуриј Милнер, Николај Сторонски, Рубен Вардањан, Олег Тинков.

Климов додаде дека во првите девет месеци од 2023 година руско државјанство во странство добиле 15.100 лица, од кои 12.500 деца се родени во мешани бракови.

Во 2022 година тие бројки изнесуваат 23.500 лица и 13.600 деца. Државната Дума усвои амандман според кој согласноста на странски родител повеќе не е задолжителна кога детето родено во странство е примено во руско државјанство.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бројот на лица кои добиле руско државјанство во 2022 година е најмал во последните три години.

Во 2022 година, 691.000 лица станале носители на руски пасош наспроти 735.000 во 2021 година. Повеќето од нив биле државјани на Украина, кои сочинувале 43 отсто.

Министерството за надворешни работи во август донесе одлука за зголемување на проверките на оние кои сакаат да се откажат од државјанството. Таквите лица ќе продолжат да бидат Руси доколку агенцијата утврди прекршување во постапката за одбивање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ