сабота, 26 октомври 2024
Претседателски избори во Русија

Руската изборна комисија: Невидена излезност – 77,44 отсто, 87,29 отсто за Путин

Со изброени речиси 100 отсто од гласовите, Путин освоил 87,29 отсто, или гласовите на 76 милиони гласачи, соопшти руската Централна изборна комисија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од изборната комисија утрово покажаа дека претседателот Владимир Путин го обезбеди петтиот мандат со огромен број гласови, на изборите што не предизвикаа голема неизвесност поради отсуството на опозиција.

Претседателката на руската Централна изборна комисија Ела Памфилова изјави дека на претседателските избори е забележан рекорден одѕив од 77,44 отсто, а актуелниот претседател Владимир Путин доби нов, петти мандат на таа функција во траење од шест години, пренесе Тасс.

Вкупно до 10 часот на овие избори гласале 87.113.127 гласачи, рече таа на прес-конференцијата и истакна дека се работи за досега невиден одѕив.

Памфилова додаде дека се изброени речиси 100 отсто од гласовите, а Путин освоил 87,29 отсто, или гласовите на 76 милиони гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ