Минатиот октомври тие очекуваат раст од 1,1 отсто во 2024, кој сега го предвидуваат за 2025. „Тоа е воена економија. Голем удел во руската економија сочинува воената потрошувачка, што го поттикнува производството“, кажа директорката за комуникации на ММФ Џули Козак во Вашингтон.
На потрошувачката ѝ помагаат и социјалните трансфери, додаде Козак, предупредувајќи на симптоми од „прегревање“ на економијата, како јакнење на инфлацијата.
Во среднорочна перспектива, според ММФ, растот би требало да успори, имајќи ја предвид исклученоста на Русија од западниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологија и губењето на дел од висококвалификуваната работна сила. Сите тие фактори би требало значително да влијаат на растот и изгледите за економијата на среден рок, заклучи функционерката на ММФ.