среда, 23 октомври 2024

Руска нафтена рафинерија е оштетена во напад со украинско беспилотно летало (ФОТО+ВИДЕО)

Пожарот предизвикан од удар на украинско беспилотно летало врз руската нафтена рафинерија Туапсе во Црното Море е изгаснат, соопштија денеска официјални лица, пренесува Ројтерс.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Рафинеријата, во сопственост на нафтената компанија Роснефт, беше оштетена во текот на ноќта во напад со дрон, соопштија претходно властите од Краснодарскиот регион.

Руските власти денеска соопштија дека противвоздушната одбрана (ПВО) соборила 75 украински беспилотни летала, од кои 47 само во јужниот регион Ростов, кој граничи со Украина, пренесува агенцијата Бета.

„Противвоздушната одбрана пресретна и уништи 47 беспилотни летала над Ростовската област, по еден над Белгород, над Воронежската област, над Смоленск и осум над Краснодар, како и 17 беспилотни летала над Црното и Азовското Море“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Украина, која се соочува со руска инвазија повеќе од две години и чија енергетска инфраструктура е уништена со континуирано бомбардирање, спроведува напади со беспилотни летала длабоко во Русија на енергетските и логистичките локации што ги користи војската специјално за своите операции на украинска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ