Украина потврди дека Русија денеска ги засилила копнените операции кон Харков, напаѓајќи нови области со мали оперативни, борбени групи за да го прошири фронтот и да ги истроши украинските сили, но не и дека руските трупи влегле во Вовчанск.
Гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов оцени дека „ситуацијата е тешка“
Според него, руските трупи влегуваат во Украина од петокот во близина на вториот по големина украински град Харков, отворајќи нов североисточен фронт во војната што се води главно на исток и југ речиси две години, наведува Ројтерс.
Со оглед на напредувањето на руските сили од североисток кон исток, дел од веќе исцрпените украински сили од источниот дел на линијата на фронтот би можеле да бидат принудени да се приклучат на борбите.
„Непријателот се обидува намерно да ја прошири линијата на фронтот, напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки. Ситуацијата е тешка“, изјави гувернерот Сињехубов.