понеделник, 21 октомври 2024

Русија за изјавата на израелскиот министер за нуклеарна бомба: Ова отвора огромен број прашања

Вашингтон го нарече предлогот на израелскиот министер за фрлање атомска бомба на Газа „неприфатлив“ и ги повикаа сите страни во конфликтот да избегнат „реторика на омраза“.

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот (Бенјамин) Нетанјаху и израелската влада ги отфрлија тие зборови кои ги сметаме за апсолутно неприфатлив“, кажа портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател. „Важно е сите стран во конфликтот да се воздржат од реторика на омраза која може да ги разгори тензиите“.

Владата на Нетанјаху во неделата го суспендираше министерот за наследство, крајниот десничар Амихај Елијаху „од сите седници на владата“. Во интервју за израелското радио Кол Барама, Елијаху му кажа на новинарот дека „една од опциите е да се фрли некаков вид нуклеарна бомба“ врз Газа „за да се убијат сите“. Израел има една од најсилните војски на Блискиот Исток и генерално се верува дека има нуклеарно оружје иако никогаш не извршил нуклеарни тестирања. Елијаху потоа се обиде да ја поправи својата изјава кажувајќи дека е метафоричка, но предизвика огорчување во целиот свет.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека изјава на израелскиот министер предизвикува многу прашања. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави: „Тоа отвора огромен број прашања. Прашање број еден – се чини дека слушаме официјална изјава за присуство на нуклеарно оружје: Во согласност со тоа, следните прашања кои сите ги имаат се – каде се меѓународните организации, каде е ИАЕА, каде се инспекторите?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ