„Во текот на ноќта се спречени неколку обиди на киевскиот режим да изврши терористички напади на локации на територијата на Русија“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.
Руската војска неутрализирала 20 дрона, две балистички ракети и пет балони кои главно се користат за одвлекување на вниманието на противвоздушните системи, наведува руското министерство.
Шеснаесет дрона и две ракети се уништени над Белгородската област која граничи со Украина и која е мета на речиси секојдневни украински напади.