понеделник, 21 октомври 2024

Русија: Соборивме 17 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море

Руската војска соопшти дека соборила 17 украински беспилотни летала над Црното Море и полуостровот Крим.

Објавено на

часот

Сподели

„Противвоздушната одбрана уништи девет беспилотни летала и пресретна осум“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според извештаите, руските сили спречиле обид за „терористички напад“.

Остатоци од леталата паднале на најмалку две локации во близина на Севастопол, изјави на Телеграм гувернерот на градот Михаил Развојаев, додавајќи дека едно лице е повредено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ