сабота, 19 октомври 2024

Русија се враќа на Месечината

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на селото Шахтинск во руската област Хабаровск, југоисточно од местото на лансирање, ќе бидат евакуирани рано наутро на 11 август, бидејќи селото се наоѓа во област каде што се предвидува дека ќе паднат ракетните стабилизатори по лансирањето.

„Сливот на реките Умалта, Усамах, Лепикан, Тастах, Саганар и областа за премин на траекти на реката Буреја припаѓаат на предвидената зона на пад. Жителите на Шахтинск ќе бидат евакуирани“, изјави Алексеј Маслов, началник на Вернебуреинската област во Хабаровската област.

Лунарното летало Луна-25 ќе биде лансирано од космодромот Восточни, на околу 5.550 километри источно од Москва, што ќе биде прво лансирање на руско летало на Месечината од 1976 година, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Во соопштението се додава дека Луна-25 ќе биде првото вселенско летало што ќе слета на јужниот пол на Месечината и дека целите на мисијата се развивање технологии за меко слетување, истражување на внатрешната структура на Месечината и потрага по ресурси, вклучително и вода.

Се претпоставува дека мисијата на Месечината ќе трае една година, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ