недела, 20 октомври 2024

Русија привремено забранува увоз на морски производи од Јапонија

Русија денеска објави дека ќе се приклучи на рестриктивните мерки што ги воведе Кина и ќе го забрани увозот на морски производи од Јапонија, по ослободувањето на пречистената вода од јапонската нуклеарна централа Фукушима.

Објавено на

часот

Сподели

Руската регулаторна агенција за земјоделски производи „се придружува на привремените рестриктивни мерки на Кина за увоз на риба и морски плодови од Јапонија од 16 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Како што се наведува, станува збор за превентивна мерка.

„Ограничувањата ќе останат во сила сè додека не се обезбедат детални информации неопходни за да се потврди безбедноста на морските плодови“, се додава во соопштението на руското регулаторно тело.

Испуштањето на пречистената вода од Фукушима, уништена во цунамито во 2011 година, започна етапно на 24 август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ