Сергеј Рјабков изјави дека Москва и Вашингтон „разменуваат сигнали за Украина“ преку затворени канали на воено и политичко ниво, пренесува Интерфакс. Тој додаде дека Русија е подготвена да ги слушне предлозите на новиот американски претседател Доналд Трамп за решението на кризата во Украина, но нагласи дека едноставно решение нема.
„Ние сме исклучително темелни, одговорни и внимателни кон сите идеи предложени од земјите во оваа област“, изјави Рјабков, пренесува Интерфакс.
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Трамп за победата на американските избори во четвртокот, го пофали за неговата храброст откако вооружен напаѓач се обиде да го убие во јули и рече дека Москва е подготвена за дијалог со Трамп. Путин додаде дека изјавите на Трамп за обидите да се стави крај на војната се вредни за внимание.
Трамп за Ен-би-си изјави дека не разговарал со Путин од неговата изборна победа, но дека „мисли дека ќе разговара“. Рјабков рече дека прекинувањето на дипломатските односи со САД сè уште е можно ако се запленети руските замрзнати средства или ако Вашингтон ги ескалира тензиите околу Украина.
Рјабков ја коментираше и ажурираната руска нуклеарна доктрина и рече дека таа ќе овозможи „вртење кон нуклеарната опција“ доколку дојде до акутна криза во односите со Западот и ситуацијата во Украина, според Интерфакс.
„Овој процес ќе биде завршен. Претседателот на Руската Федерација како врховен командант несомнено ќе донесе одлуки што ќе ги подобрат концептуалните основи на нашите активности во оваа сфера“, рече Рјабков.
Путин во септември го предупреди Западот дека според предложените промени на доктрината, Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети и дека секој напад врз Русија поддржан од нуклеарна сила ќе го смета за заеднички напад.