Порача дека Русија планира да постави тампон зона на украинската територија долж границата со таа земја за да се заштити од украинските напади и прекуграничните провокации.
Руската војска напредува на бојното поле додека украинските трупи се соочуваат со недостиг од муниција и трупи.
Линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри низ источна и јужна Украина.
Украинските трупи се повлекуваат, а сè почесто ја користат артилеријата за гаѓање цели како рафинерии и складишта за гориво во Русија.
Коментарот на Путин следи по украински напади со дронови на руски рафинерии за нафта.
Рускиот претседател изјави вчера дека руската војска напредува на бојното поле во Украина и порача дека е потребно руските сили да создадат тампон зона на украинската страна на границата за да спречат напади на руска територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, кажа дека „сè што Русија прави на окупираната територија на Украина е злосторство“.
„Мора да постои праведна одмазда за сè она што руските убијци го направија во оваа војна и за доживотна моќ на Путин“, кажа Зеленски во своето синоќешно обраќање.