сабота, 19 октомври 2024

Русија планира договор за оружје со Северна Кореја, Америка предупредува

Објавено на

часот

Сподели

„Секој облик на безбедносна соработка или договор на Северна Кореја и Русија за оружје недвосмислено би прекршил низа резолуции на Советот за безбедност на ОН“, кажа портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.

Претходно денес рускиот претседател Владимир Путин се заложи за поцврста соработка со Пјонгјанг во порака упатена до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Ким, пак, ја истакна „потребата од продолжување на развојот на стратегиската и тактичката соработка на двете земји во областа на безбедноста и одбраната“, се наведува во пораката на министерот за одбрана Канг Сун Нама прочитана на учесниците на форумот за безбедност во близина на Москва, на која се повикуваат руските новински агенции. САД се сомневаат дека Москва сака да купи оружје од севернокорејскиот сојузник.

Овие најави за засилена соработка доаѓаат во момент кога треба да се одржи самит на лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија за јакнење на воената соработка, бидејќи сметаат дека Северна Кореја станува сè поголема закана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ