понеделник, 10 март 2025

Русија ја обвини Британија дека е главен двигател на глобалните конфликти

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) ја обвини Велика Британија дека е главен поттикнувач на глобалните конфликти, откако Москва протера двајца британски дипломати осомничени за шпиони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата, објавена неколку часа откако на британските дипломати им беше кажано дека имаат две недели да ја напуштат Русија, се чини дека Велика Британија е обвинета дека ја започна Втората светска војна.

„Како што видовме во пресрет на двете светски војни во минатиот век, Лондон продолжува да дејствува како главен двигател на глобалните конфликти“, се вели во соопштението на СВР.

Понатаму тврдат дека Британците „сметаат дека повторно ќе се извлечат од конфликтот седејќи си на својот остров“.

„Време е да ги разоткриеме и да испратиме јасен сигнал до предавничкиот Албион и неговите елити: нема да успеете“, пренесе Дејли меил.

СВР, во соопштението тврди и дека Велика Британија гледа закана за своите интереси во можното подобрување на односите меѓу САД и Русија.

Според руските тврдења, „Лондон стравува дека тоа може да доведе до неуспех на британската стратегија за ограничување на Москва“, во која „централно место зазема контролата над Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ