петок, 22 ноември 2024

Русија ја казни Википедија со речиси 10.000 долари, поради „екстремистички“ содржини

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд во Таганск ја казни Викимедија со 800.000 рубли или 9.900 долари. Викимедија е обвинета дека не отстранила материјал поврзан со песната од алтернативниот рок-бенд „Психеа“ или „Псишит“, кој официјално беше означен како „екстремистички“.

Викимедија соопшти дека информациите на кои се жалат руските власти се проверени и се усогласени со стандардите на Википедија.

„Овие пресуди се дел од тековните напори на руската влада во таа земја да го ограничи ширењето веродостојни информации од добри извори“, рече шефот на Викимедија Џејкоб Роџерс.

Русија со години се обидува да лансира домашна онлајн-енциклопедија, но досега тоа не се оствари, наведува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, претходно оваа недела изјави дека таквата енциклопедија би содржела „проверени, точни и објективни“ информации.

„Знаеме дека Википедија има многу невистини, историски, фактички и други грешки“, рече Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ