Русија го засили гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре, Денот на победата, изјави Олександр Сирски, командант на копнените сили на украинската армија.
Тој нагласи дека Украина ќе направи сѐ за да го спречи тоа, пренесува Ројтерс.
Сирски, по посетата на украинските војници долж линијата на фронтот во Бахмут, рече дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирањето од тешко оружје во таа област.
„Сега почнаа да користат посовремена опрема и да ги прегрупираат војниците“, рече Сирски.
За Бахмут, град во источна Украина, со месеци се водат жестоки борби меѓу руските и украинските сили.
Напади низ цела Украина
Русија изврши голем бран разорни ракетни напади врз цели во Киев и низ Украина, соопштија утринава украинските власти.
This is what an apartment in #Kyiv looks like, which was damaged as a result of falling debris from #Russian drones this night. pic.twitter.com/iDrvcXUDlE
— NEXTA (@nexta_tv) May 8, 2023
Руските ракетни напади во Одеса предизвикаа пожар во складиште за храна, а забележани се и експлозии во неколку други украински региони, пренесува Ројтерс.
Градските власти на Киев објавија дека најмалку пет лица се ранети за време на руските ракетни напади, а според градоначалникот Виталиј Кличко, три лица се повредени во експлозии во киевскиот Соломјански кварт, а уште две кога остатоци од беспилотно летало паднале во областа Свјатошински, западно од центарот на главниот град.
5 people wounded, several homes badly damaged; dozens of vehicles destroyed in last night’s #Russia drone attack on #Kyiv . All 35 drones downed – the damage is from debris.
In my area, shit was flying, firing and exploding (luckily not falling down). I didn’t get enough sleep. pic.twitter.com/w7ox24Ievn— Alex Panchenko (@AlexPanchenko2) May 8, 2023
Врховната команда на украинската армија денеска соопшти дека украинските сили за воздушна одбрана уништиле 35 беспилотни летала од иранско производство, лансирани од Русија во текот на ноќта кон различни цели низ земјата.
„Вооружените сили на Руската Федерација синоќа извршија 16 ракетни напади, особено во градовите Харков, Херсон, во регионите Миколаев и Одеса“, се наведува во дневното соопштение на Генералштабот на украинските вооружени сили, во кое се истакнува дека се изведени вкупно 61 воздушен напад и 52 напади од тешки ракетни системи.
?Amazing recording! The nighttime operation of the Ukrainian air defense system and the moment when a Russian drone was shot down over Kyiv!#Ukraine #RussiaIsCollapsing #RussiaIsLosing #Russia #kyiv pic.twitter.com/LLm6bOm4dr
— Intermarium 24 (@intermarium24) May 8, 2023
Москва се подготвува за утрешната воена парада на Денот на победата, клучна годишнина за претседателот Владимир Путин, кој го евоцира духот на советската армија, која ги порази силите на нацистичка Германија, и изјави дека Русија ќе ја победи Украина, која наводно била во рацете на неонацистите.