петок, 7 февруари 2025

Русија го поздрави затворањето на УСАИД, вели дека тоа е машина за мешање во работите на други држави

Министерството за надворешни работи на Русија ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори агенцијата за меѓународна развојна помош УСАИД која Москва ја смета за „машина за мешање“ во работите на другите држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Единственото со што сме задоволни е што сè што кажавме се оствари“, кажа портпаролката на министерството Марија Захарова, спомнувајќи ги повторените руски критики на УСАИД.

Русија ја забрани УСАИД на својата територија во 2012, обвинувајќи ја американската агенција дека ги финансира протестите на опозицијата против Кремљ и дека се меша во изборите.

Русија ја обвини агенцијата дека ги поддржува антивладините движења во соседните држави, особено во Украина и Грузија за да доведе на власт луѓе наклонети кон Вашингтон, а непријатели на Москва.

„Тоа е сè само не агенција за помош, развој и асистенција. Тоа е машина за мешање во внатрешните работи. Тоа е механизам за промена на режими, политичкиот поредок, структурата на државата“, кажа Захарова.

Американската агенција соопшти во средата дека целиот нејзин персонал во САД и во светот ќе биде од денес на „административен одмор“.

Таа агенција сега е ставена под надзор на американскиот државен секретар Марко Рубио.

УСАИД е формирана во 1961 со акт на Конгресот на САД, управува со буџет поголем од 40 милијарди долари, наменети за хуманитарна помош и развојна помош низ светот. Вработува околу 10.000 луѓе, од кои две третини се испратени во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ