среда, 12 февруари 2025

Русија го нападна Киев со балистички ракети (ВИДЕО)

Утрово руската војска изврши ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, објави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку пожари избувнале во станбени и нестанбени згради.

Неколку лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловна зграда, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Двајца од повредените завршиле во болница, но не се знае тежината на повредите.

Сирените за воздушен напад се вклучиле дури на самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато кои проектили ги употребила руската војска денеска. Првичните извештаи покажуваат дека четири балистички ракети искандер биле истрелани кон главниот град, пишува Киев индипендент.

Новинарите на Ројтерс известија за многубројни експлозии што звучеле како дејствување на украинската противвоздушна одбрана.

Голем пожар зафатил магацин од 600 квадратни метри во областа Холосивски, додека пожар избил на покривот на станбена зграда во областа Соломијански, пишува Киев индипендент.

Експлозиите биле пријавени околу 4:30 часот по локално време. Украинските воздухопловни сили непосредно пред тоа предупредиле на закана од руски ракетни напади насочени кон различни региони на земјата. Воздушните тревоги стивнале околу еден час подоцна, во 5:30 часот по локално време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ