сабота, 27 јули 2024

Русија до Макрон: Не биди Наполеон

Кремљ одговори на одбивањето на францускиот претседател да ја исклучи можноста за испраќање западни трупи да помогнат во одбраната на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Спикерот на долниот дом на рускиот парламент го предупреди францускиот претседател Емануел Макрон да не испраќа војници на територијата на Украина, бидејќи може да ја доживее судбината на војската на Наполеон, пишува Политико.

Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, кој е член на тесниот круг луѓе околу претседателот Владимир Путин, ова го напиша на социјалната мрежа Телеграм, како одговор на изјавата на францускиот претседател дека „ништо не е исклучено“ кога станува збор за помошта на Западот за Украина за одбрана од руската инвазија.

„Пред да дава такви изјави, би било добро Макрон да се сети како тоа заврши за Наполеон и за неговите војници, од кои повеќе од 600.000 останаа да лежат во влажната земја“, напиша Володин, мислејќи на катастрофалната француска инвазија на Русија во 1812 година.

За точниот број на пешадијците на Наполеоновата Велика армија убиени во неговата воена инвазија сѐ уште се водат дебати, но историчарите генерално ја наведуваат бројката над 300.000.

Володин, исто така, го обвини Макрон дека сака „да поттикне трета светска војна“ за да остане на власт.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и премиер, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на земјата, во средата ја повтори споредбата на Володин со Наполеон во својот пост на Телеграм.

„Бедните и трагични наследници на Бонапарта… се желни за одмазда со наполеоновска големина и изговараат жестоки и крајно опасни глупости“, рече тој.

Макрон во понеделникот на самитот на европските лидери во Париз рече дека не е исклучена можноста да се пратат западни војници да ја бранат Украина.

Шансите за тоа беа отфрлени од другите членки на НАТО, меѓу кои ги САД и Германија, и остро критикувани од француските опозициски партии, но беа поздравени од Естонија и Литванија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ