сабота, 27 јули 2024

ЕУ-лидерите без договор за праќање војници во Украина, Макрон вели – ништо не треба да се исклучи

Во понеделникот во Париз се одржа самит на европските лидери, чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон, кој по средбата објави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучи“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сѐ за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференцијата, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Франција ќе ѝ се приклучи на чешката иницијатива за купување муниција за Украина.

„Поразот на Русија е неопходен за европската безбедност“, рече Макрон.

Тој изјави дека европските земји ќе воведат дополнителни санкции за земјите преку кои Русија ги заобиколува рестриктивните мерки што ѝ се воведени.

На самитот присуствуваа околу 20 европски лидери, кои сакаа да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин за европската одлучност кога е во прашање поддршката на Украина, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ