„Уште еден ракетен систем С-400 пристигна во Белорусија. Системот наскоро треба да стапи во борбено дежурство. На полигоните во Русија, белоруските војници поминаа целосна обука за борбена употреба на системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во соопштението, пренесува Тасс.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во декември 2022 година изјави дека земјата на својата територија распоредила руски ракетни системи С-400 и Искандер.