недела, 27 октомври 2024
Не е во добар однос со помладиот сонародник поради ЦР7

Роналдо предизвикал тензија помеѓу Меси и младата ѕвезда на Манчестер јунајтед!

Објавено на

часот

Сподели

Алехандро Гарначо изминатиов викенд го постигна еден од најубавите голови во Премиерлигата, откако атрактивно со ножички ја затресе мрежата на Евертон на Гудисон Парк.

Аргентинецот потоа прослави во стилот на Кристијано Роналдо, кој е негов идол.

Рио Фердинанд сега открива дека ова довело до тензија помеѓу Алехандро Гарначо и Лео Меси, кој престанал да го следи на социјалните мрежи својот помлад сонародник.

„Знаете што ми се допаѓа кај ова момче? Ич к*р не го боли!“ – вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Гарначо ми кажа дека Меси престанал да го следи на социјалните мрежи само поради тоа што не крие дека го преферира Роналдо“.

„Ич не му е гајле, „Јас сум фан на Роналдо“. „Кој е најдобар на сите времиња? Роналдо!“ Ова го кажува дури и кога е со репрезентацијата на Аргентина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ