вторник, 22 октомври 2024
Напаѓачот се врати во составот и постигна два гола

Роналдо ја предупредува Португалија: Талентот не е доволен, ни треба напорна работа за триумф на ЕП!

Кристијано Роналдо вели дека ја има истата амбиција и пасија како од пред 20 години кога го одигра првото Европско првенство и ги предупреди своите сонародници дека талентот без напорна работа нема да им донесе успех.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо се врати во составот на Португалија и со два гола ја предводеше својата репрезентација до победа од 3-0 над Ирска во последниот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство.

„Играњето за националниот тим е пасија, љубов. Секако дека Европското првенство ќе биде специјално, по шести пат ќе настапам на континенталниот собир, што е рекордна бројка. Можеби пред 20 години настапив на моето прво Европско првенство, но и сега ја имам истата гордост, истата пасија. Нема ништо подобро од играње фудбал во дресот на Португалија“ – вели напаѓачот.

По поразот од Хрватска, беа упатени многу критики на адреса на Португалија, а Кристијано Роналдо вели дека тоа е сосема нормално.

„Критиките ве прават да бидете успешен. Португалскиот народ очекува многу од репрезентацијата и нема простор за грешка бидејќи оваа генерација е многу талентирана. Но поразот е добра работа, особено ако извлечете поука од него и научите нешто ново“.

„Не треба да летаме во облаци, треба да останеме приземјени“.

„Треба да бидеме позитивни, да одиме чекор по чекор и да сонуваме бидејќи имаме многу талент во нашите редови“.

„Но за успех мора да работиме напорно, џабе е талентот без напорна работа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ