„Кремљ сфаќа дека губи, па оттука и фрустрациите“, објавија тие, а потсетија и на историјата на кршење на човековите права од страна на руските власти, нагласувајќи дека Русија е дисквалификувана за давање „лекции за демократија“, пишува романски Хотњуз.
„Русија нема слободни избори речиси 20 години. Држава агресор не може да дава лекции за демократија. Спротивно на тоа, во Русија опозицијата нема пристап до институциите и правните процеси. Противниците се егзекутирани на неколку метри од Кремљ“, објавија тие.
Министерството исто така потсетува на прогласувањето на персона нон грата и протерувањето на двајца руски дипломати обвинети за контакти со група во Романија која е кривично обвинета за предавство.
„Романија веќе директно одговори на странското мешање со испраќање дома на оние кои биле во контакт со паравоена група (од нацистичко потекло) поврзана со кандидат кој се обидуваше да го урне демократскиот уставен поредок во Романија“, заклучува Министерството за надворешни работи.
Кремљ вчера изјави дека претседателските избори во Романија без кандидатурата на Калин Џорџеску, екстремен десничар и проруски политичар, нема да имаат легитимитет. „Се разбира, искрено кажано, какви било избори организирани без него (Џорџеску) нема да имаат легитимитет“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ ги опиша како „бесмислици“ обвинувањата дека Русија има врски со Џорџеску.
И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера во критички изјави упатени кон Западот изјави дека „флагрантни работи се случуваат на изборно поле во земји како Романија“.
Изјавите на двајцата руски функционери дојдоа пред Уставниот суд да донесе конечна одлука според која Калин Џорџеску ги загуби сите жалби и повеќе нема да може да учествува на претседателските избори на 4 мај.