петок, 21 март 2025

Баерн Минхен и Интер со нови победи до место во четвртфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Интер со 2-1 го совлада Феенорд и со вкупни 4-1 се пласира меѓу осумте најдобри каде што ќе има место и за Баерн Минхен кој со 2-0 победи во Леверкузен и со вкупни 5-0 оди понатаму.

Објавено на

часот

Сподели

Феенорд кој претходно го елиминираше Милан, не успеа истото да го направи и против градскиот ривал на росонерите.

Интер поведе со гол на Турам уште во осмата минута од натпреварот, а пред крајот на првиот дел Модер од пенал изедначи на 1-1.

По шест минути игра во второто полувреме беше досуден нов пенал, овојпат за Интер кој прецизно го изведе Чалханоглу за предност од 2-1, што беше и конечен резултат.

Баерн Минхен потврди дека оваа сезона е подобар од Леверкузен, двапати го совлада актуелниот германски шампион и покажа дека заслужено оди понатаму.

По седум минути игра во вториот дел Хари Кејн донесе водство од 1-0 за Баерн.

Во 71. минута Кејн беше во улога на асистент, а Дејвис погоди за конечни 2-0 за Баварците.

Токму Интер против Баерн Минхен ќе биде една четвртфинална двојка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ