петок, 18 октомври 2024

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенгенскиот простор во март 2024, во зоната на поморската и воздушната граница, соопшти романската влада.

Објавено на

часот

Сподели

„По 13 години, Романија конечно ќе му се придружи на Шенген! Имаме политички договор за тоа“, напиша на Фејсбук романскиот премиер Марсел Чолаку.

Романското министерство за внатрешни работи соопшти дека меѓу трите земји е склучен „политички договор“ за проширување на зоната „на романските и бугарските воздушни и поморски граници“ од март 2024.

Прашањето на отворање на копнените граници е одложено за разговори во следната година.

Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември изнесе идеја за релаксација на правилата кои го регулираат воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, ако Брисел ги зајакне надворешните граници на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ