Мерката се очекува да стапи во сила веќе во април, што претставува остар пресврт од политиката на добредојде за Украинците за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, вели Ројтерс.
Планираното укинување на заштитата за Украинците беше во тек пред Трамп јавно да се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела. Овој потег е дел од пошироката стратегија на администрацијата на Трамп за одземање на правниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти на кои им беше доделен привремен хуманитарен статус во САД за време на администрацијата на Бајден, велат изворите.
Портпаролката на американското Министерство за домашна безбедност, Триша Меклахлин, рече дека засега нема официјални изјави на оваа тема. Белата куќа и украинската амбасада не одговориле на барањата за коментар.