сабота, 15 март 2025

Луис Енрике: Фудбалот е неправеден спорт

Тренерот на ПСЖ е во неверување од тоа што се случи на вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите, како неговиот тим успеа да го загуби мечот со Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ имаше тотална доминација на натпреварот, а Ливерпул само се бранеше. Францускиот шампион упати дури 27 шута од кои 10 завршија во рамките од голот на Алисон кој имаше неверојатна вечер и беше прогласен за играч на мечот.

Ливерпул во кој топката беше само 29%, упати два удари, еден во рамките од голот на Донарума и тој заврши во неговата мрежа.

„Фудбалот е чудесен и неправеден спорт. Ова беше најкомплетниот натпревар кој го одигравме во Лигата на шампионите откако јас сум тренер. Тие шутнаа само еднаш и дадоа гол. Кога ќе видите дека Алисон им е најдобриот играч, се е јасно“, вели Луис Енрике.

„Горд сум на моите играчи, без оглед на се во Ливерпул ќе одиме на победа. Нема што да загубиме, таму одиме да прикажеме уште подобра игра и ќе бидеме храбри да го направиме тоа. Јасно е дека нема да биде лесно, но нема што да загубиме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ