Според нивната процена, ова може да претставува пресврт кај најмоќниот западен сојузник на Украина.
Овој потег го одразува растечкиот јаз меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара брз крај на војната во Украина и чии соработници разговараа со Русија без учество на Киев.
Нацрт-резолуцијата, која ја видел Ројтерс, ја осудува руската агресија и ја повторува посветеноста на „суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници“.
Соединетите Држави беа коспонзор на речиси сите резолуции на ОН за поддршка на Украина против Русија за време на претседателот Џо Бајден.
Не е јасно кога истекува рокот за поддршка на нацрт-резолуцијата, па постои можност Вашингтон да ја промени својата одлука.
Гласањето во ОН, кое се смета за клучен показател за глобалната поддршка за Украина во време кога администрацијата на Трамп се чини поблиску до позицијата на Русија, може да се одржи без поддршка од САД, но ќе има помали шанси за широка поддршка во Генералното собрание.
Друг дипломатски извор, кој побарал да остане анонимен, рекол за Ројтерс дека засега ситуацијата е таква што САД нема да потпишат, додавајќи дека во тек се напори да се обезбеди поддршка од други земји.